Влегол во незаклучено возило и со клучот кој бил на бравата го стартувал и заминал - Украден автомобил од паркинг во Центар

Вчера во 22.25 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Р.(40) од с.Трубарево, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“ по член 242 од КЗ, а по претходна пријава од А.Ј.(36) од Скопје дека на паркинг простор на подрачјето на Центар му било одземено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.
Имено, Р.Р. влегол во незаклученото возило и со клучот кој бил на бравата го стартувал и заминал.
По преземени мерки од страна на полициски службеници, сторителот е лишен од слобода, а возилото е пронајдено и ќе му биде вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
04.07.2025 - 13:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа