На Хрватите „им дојде преку глава“: Воведувањето на еврото ги зголеми цените во маркетите
Влезот на Хрватска во шенген зоната и воведувањето на еврото создаде многу проблеми како на границите така и во маркетите.
Граѓаните се жалат дека еврото им направило многу проблеми во пресметките на цените. Со претварањето од куни во евро излегува дека сите цени зголемени. Поради тоа првиот месец цените ќе бидат испишани и во куни и во евра.
Ништо подобро не е ни на пазарите каде сирењето и павлаката се поскапи за 10 куни. Поскапел дури и паркингот.
08.01.2023 - 14:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа