Повредени две тинејџерки: Возило излета од коловоз
На 23.06.2025 во 11:45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на патот Кавадарци-Неготино, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишната сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19), двете од с.Сирково, констатирани во Итната медицинска помош Неготино.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
24.06.2025 - 18:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа