Николовски: Само една нова винарија за една година под ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 101 под СДСМ

 


Шокантен пад во поддршката за малите производители. Според официјални податоци, во една година под Владата на ВМРО-ДПМНЕ е регистрирана само една нова мала семејна винарија. За споредба, во една година под Владата предводена од СДСМ беа отворени 101 мали семејни визби – тоа се 101 нови семејни бизниси, 101 можност за локален развој и работни места, реагираше пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски.

Ова е директен резултат на укинувањето на реформите и програмите што СДСМ ги воведе за поддршка на малите производители, винари и земјоделци. Наместо да ги надградат успешните политики, ВМРО-ДПМНЕ ги укина без почит кон трудот на земјоделците, посочи Николовски.

„Ваквата безидејност и неспособност имаат сериозни последици го уништуваат локалниот агро-бизнис и ја враќаат државата чекор назад.

СДСМ останува на страната на малите производители и ќе продолжи да се бори за политики што носат реална поддршка, развој и просперитет за секое семејство и секоја општина“, рече Николовски.

25.07.2025 - 14:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега