Лепа Брена од силни болки неможе да спие
Лепа Брена е успешно оперирана на клиниката Ловран во Хрватска, откако пред неколку дена ги скрши двете раце, но поради големи болки едвај може око да склопи.
Вработените во болницата водат сметка за здравјето на Брена, и даваат лекови против болки, но и понатаму ја боли целото тело, особено рацете кои ги скрши откако незгодно падна. Сите се оптимисти и веруваат дека таа брзо ќе се опорави.
- Пејачката слабо се движи, цело време е во кревет и се одмора. Боба е цело време покрај својата сопруга и помага да се оправи, како и нивните синови. Иако не сакаат да креваат драма во јавноста, Стефан и Виктор се многу загрижени за својата мајка и се трудат да ја расположат во секој момент кој го поминуваат со неа", изјави за српските медиуми извор близок до семејството Живојиновиќ.
Имено, Брена во петокот наутро во апостолки тргнала на појадок со сопругот Боба, и кога станала од масата, се сплеткала од столбот на чадорот за сонце и паднала. Пејачката се задобила со скршеница на десниот рачен зглоб, а и напукнал и левиот лак. Бидејќи фрактурата на зглобот бил од тешка природа, Брена мораше на операција, која поминала без компликации, но за да се опорави во целост ќе бидат потребни околу шест месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа