Седум причини зошто да пиете чај од ѓумбир
Еве седум причини зошто да го конзумирате чајот од ѓумбир.
Потребни состојки:
Парче свеж ѓумбир
1 литар вода
3-4 лажици мед
1 лимон
Подготовка:
Излупете го ѓумбирот и исечкајте го на тенки парчиња. Ставете ги парчињата во тенџере и прелијте ги со топла вода.
Ставете ја водата да се вари околу 15-20 минути.
Тргнете го од оган и оставете ги парчињата да отстојат уште 5 минути. Прецедете ја течноста, засладете ја и додајте го лимонот.
Причини зошто уште денес да сварите чај од ѓумбир:
1. Го зајакнува телото и имунитетот.
2. Го забрзува оздравувањето ако сте настинати.
3. Ги смирува мачнините во желудникот.
4. Позитивно влијае на нервниот систем.
5. Ја поттикнува работата на цревата и го намалува чувството на надуеност.
6. Ја поттикнува циркулацијата.
7. Го топли организмот подобро од било кое ќебе.
Извор: Денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа