Ужас во Берово: Ја полевале со вода и се заканувале, ја тепале - ученичка четири години малтретирана од соученички

 


МВР информира за врсничко нсилство во училиште во беровско.

Вчера во 16.00 часот во Полициската станица Берово, Д.Т.(48) од село Русиново, беровско, пријавила дека во периодот од 2021 година до денеска, во основното училиште во кое учи во селото, две соученички во повеќе наврати физички ја напаѓале, ја полевале со вода и упатувале закани на нејзината малолетна ќерка.

Според пријавеното, настаните биле пријавувани кај одговорните во училиштето.

Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Штип.

16.05.2025 - 14:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега