Касами се сретна со градоначалникот на австриската општина Хорн
Градоначалникот на општина Тетово, г. Биљал Касами, престојува во официјална посета на Република Австрија, каде што оствари пријателска и многу конструктивна средба со градоначалникот на општина Хорн, г. Герхард Ленчиг.
За време на средбата, двајцата градоначалници разговараа за продлабочување на соработката помеѓу Општина Тетово и Општина Хорн, со посебен акцент на размена на идеи и заеднички иницијативи. Беше потенцирано значењето на подготовката и реализацијата на проекти кои ќе придонесат за локален економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во двете општини.
Градоначалниците Касами и Ленчиг ја изразија подготвеноста за интензивирање на соработката во области од заемен интерес, како што се економскиот развој, образованието, културата и одржливото урбано управување.
Оваа средба претставува значаен чекор кон воспоставување конкретни партнерства кои имаат за цел заеднички придобивки и одржлив развој за граѓаните.
Општина Тетово останува посветена на зајакнување на меѓународните односи и на истражување на нови можности за соработка, сѐ со цел унапредување на општата благосостојба на нејзините граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа