Добра вест за мажите кои имале односи со повеќе од 20 жени

 

Оваа сигурно ќе ги интересира сите мажи кои во својата досегашна љубовна кариера спиеле со повеќе од 20 жени.

Истражувањето направено на еден Универзитет во Монтреал покажало дека токму тој број на партнерки може да ве спаси од рак на простата.

Попрецизно кажано, мажите кои спиеле со повеќе од 20 жени го намалуваат ризикот од развивање на рак на простата за речиси една третина, односно имаат 19% помала шанса да развијат најагресивниот облик. Во истражувањето учествувале 3200 мажи.

Мажите кои откриле дека немале сексуален однос, имале двојно поголеми шанси да им се дијагностицира рак на простата од останатите мажи. На прашањето дали тоа значи дека на мажите треба да им се препорача да спијат со што повеќе жени, истражувачите кажале: Се уште не сме дошле до тоа.

Кај хомосексуалците ситуацијата е поинаква. Мажите кои спиеле со 20 мажи имаат двојно поголема шанса да развијат рак на простата, наспроти мажите кои спиеле само со еден маж кои не се изложени на тој ризик. 

 
 
 
30.10.2014 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега