Татко го исполнува сонот за слава на неговата почината ќерка

 

Tрагедија ja погоди заедницата Тилбург, Холандија, во вторникот откако 13-годишната Ана Ван Колен почина од повреди зададени во велосипедска несреќа на пат кон училиштето.

Нејзиниот татко, Ник Ван Колен сега се обидува да го исполни нејзиниот сон да стане позната пијанистка.

Тој постави YouTube видео од Ана како ја изведува песната „Did I Make The Most of Loving You“, од телевизиското шоу „Downton Abbey“, на пијано и ги замоли неговите следачи на твитер да го гледаат и да го споделат на социјалните мрежи.

Видеото за два дена стигна до бројка од над 1,3 милиони прегледи.

Задоволен од прифатеноста, таткото твитнал дека не планира да дава никакви интервјуа и ги моли медиумите да се фокусираат само на Ана.

 

31.10.2014 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега