ФОТО: Дрон за Брза Помош кои патува со 100 км/час

 

Прототип на „амбулантно беспилотно летало“ е претставен во Холандија, кое во најкраток рок може да пренесе дефибрилатор до пациентите кои претрпеле срцев удар.

Со своите шест пропелери, дронот може да постигне брзина од 100 километри на час, а тој може самостојно да го избере правецот на движење, затоа што ќе одговара на итниот повик со помош на ГПС.

-Во Европската унија речиси 800.000 луѓе секоја година претрпуваат срцев удар, а само 8% од нив преживуваат, вели 23-годишниот Алек Момонт, белгиски студент на технички науки, кој го развил овој систем.

Потребата за„амбулантниот дрон“ доаѓаа оттаму што периодот кој е потребен за итните служби да стигнат до пациентите низ густиот сообраќај често е предолг. Времето на пристигнување на брзата помош изнесува во просек десет минути, а во ваквите ситуации, жртвите на срцев удар умираат за четири до шест минути, вели Момонт.

31.10.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега