Ситуации во кои не треба да користите сода бикарбонат

 

 

 

Сода бикарбонат е намирница која има многу корисни својства и примени, но некогаш сепак треба да се одбегнува. Најверојатно знаете за голем број на чудесните намени на сода бикарбоната со кои се надминува нејзината употреба во кулинарството. Оваа намирница меѓу другото, може да помогне во одржување на хигиената во домаќинството и негата. Меѓутоа, во некои ситуации сепак треба да се избегнува.

Еве кога содата не е идеално решение: Дали често страдате од киселини? Сода бикарбоната во тие ситуации е многу ефикасен лек против киселини, но не треба да се претерува. Ако често имате проблеми, сепак обратете се кај лекар. Иако сода бикарбонат е одличен за чистење на домаќинството, немојте да ја користите на садови од алуминиум. Може да дојде до несакани дејства и на садовите можат да се појават дамки.

 

Ако ставите само отворена кесичка сода бикарбон во фрижидерот или ја сипате во садот, нема да делува во неутрализирање на непријатниот мирис.

 

За најдобар ефект потребно е да се исипа во подавалник и да се чува на една полица од фрижидерот. Меѓутоа, така ќе заземете голем простор од фрижидерот и ќе има помалку место за другите намирници.

 

Најверојатно знаете дека сода бикарбона може да  се користи за гаснење на запалено масло. Меѓутоа, тоа не е едноставна постапка. Дури и ако имате во близина голема количина на сода бикарбона, не постои сигурна оддалеченост од која може да се посипе од содата по запалениот тавче или тенџере. Поради ова набавете ефикасен апарат за гаснење пожар кој секогаш ќе ви биде при рака.

 

Сода бикарбона има голем број корисни примени во негувањето на телото. Меѓутоа, со оглед дека е алкална супстанца, не се препорачува во лечење на акни. Имено, содата ја елиминира природната киселина на кожата, со што се создаваат погодни услови за ширење на актни.

Можеби делува слично, но сода бикарбоната и прашакот за пециво немаат ист ефект. Двата производи создаваат јаглен диоксид во одредени услови, со што даваат одлична текстура на пецивата. Меѓутоа, сода бикарбона реагира со киселините кои веќе се наоѓаат во храната. Од друга страна, прашакот за пециво во себе има киселини. Затоа тоа не се добра меѓусебна замена.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега