Мицевски: Филипче ќе плати политичка цена за обидот за дестабилизација и манипулација на народот

 


Филипче да знае, никој нема да заборави дека тепачот Акиов по негов налог направи инцидент во Кочани, рече на денешната прес-конференција 
Јане Мицевски, пратеник и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку и да се крие Венко Филипче, колку и да бега од одговорност и да не го повикува да си поднесе оставка советникот тепач од Кочани, народот нема да заборави на ужасните сцени од Советот во Кочани, истакна Мицевски.

„Додека цела Македонија сè уште е трогната, Венко Филипче собира политички поени.

Филипче мисли дека ако создаде дестабилизација во Кочани, ќе инкасира некој политички поен, но дебело се лаже.

Тепачот Акиов е демаскиран. Сите знаат дека е човек од доверба на Заев и Филипче.

 

Филипче ќе плати политичка цена за обидот за дестабилизација и манипулација на народот“, посочи Мицевски.

24.06.2025 - 12:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега