Јаневска: Нашата земја пристапува кон членство во мрежата „World Skills Europe“

 

Нашата земја се вмрежува во една мрежа во која учествуваат 30 земји, преку ова вмрежување покрај големиот наптпревар познат и значаен во средното стручно образовние ние ќе се запознаваме со стандарди, со сите документи кои постојат во овие 30 напредни земји и притоа ќе можеме да разменуваме искуства и да стекнуваме квалтет во овој тип на образовние, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на конференција посветена на развојот на стручното образование и обука.

Како што информира таа, нашата земја пристапува кон членство во World Skills Europe, мрежа која овозможува поврзување и размена на позитивни практики и искуства помеѓу земји и институции во областа на стручното образование и обука и во рамки на која се организираат меѓународни ученички натпревари.

-Средното стручно обрзаование веќе не е алтернатива, туку прв избор на огромен број млади луѓе. Би сакала да потенцирам дека во изминатата година бележиме сериозен напредок во овој тип на образование и конечно денеска уште еден голем чекор правиме, а тоа е нашата земја се вмрежува во една мрежа во која учествуваат 30 развиени земји, изјави министерката Јаневска.

Таа одговорајќи на новинарско прашање посочи дека Министерството се посветува и на вклучување на вештачката интелигенција во образовниот процес.

-Во соработка со Министерството за дигитална трансформација рековме дека е крајно време да го држиме чекорот со високо развиените земји и земјите од Евопската унија во која ние претендираме да влеземе, што значи дека вештачката интелигенција мора да влезе и во образовниот систем. Она што прво го направивме е склучивме договор со Факултетот за информатика при УГД, каде се подготвуваат сериозни два документи - едниот е прирачник за наставниците за тоа како се користи вештачката интелигенцијата, а другиот за учениците, кажа Јаневска.

Како што посочи министерката, ние имаме факултети каде се изработуваат студиски програми за вештачка интелигенција и таа се применува но сега почнуваме и со примена во образовниот систем. Информира дека ќе има обуки за наставнциите.

-Притоа морам да кажам дека не само наставниците, туку и повозрасните ученици користат алатка која спаѓа во вештачка интелигенција, веќе е влезена вештачката интелигенција во употреба, но е неконтролирано. Ние треба да ги ставиме под контрола и треба да ги обучиме корисниците за бенефитите, но и несаканите последици. Да ги научиме да ги проверат подароците кои ги добиваат и на тој начин ги поттикнуваме на критичко размислување и на анализа, но и на креативно мислење, подвлече Јаневска.

Оцени дека алатките кои ги овозможува вештачката интелигенција се многу значајни и ќе го олеснат процесот на образование. 

-На пример, распоредот кога некогаш на училиштата им е тешко да го направат, со вештачка интелигенција нема веќе тројца наставници на хартија или во ексел табела со денови да прават распоред. Исто така од асект на трошоците, администрацијата и слично има многу бенефиции, а можеме да очекуваме и поголем квалитет во обраозванието, појасни Јаневска.

Таа додаде дека прирачниците летово ќе бидат готови и дека наставниците имаат предзнаења, поминале базични обуки, но сега ќе одат кон напредни обуки.

Амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, рече дека Швајцарија долги години ги поддржува реформите во дуалното стручно средно образование.

03.07.2025 - 15:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега