ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ затоа што никогаш не била дел од истата
Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од едноставна причина што никогаш оваа партија не била дел од истата.
Но точно е дека оваа партија пред само неколку месеци излезе од коалицијата со СДС. Со зачуденост гледаме на нивното постојано променливо однесување“, стои во соопштнието од ВМРО-ДПМНЕ.
01.09.2025 - 14:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа