Премиерот им се извини на родителите на првиот училиштен ден

 

Премиерот Мицкоски им се извини на родителите што нивните деца подолг период на училиште одеа без учебници.
“Можеби за прв пат после седум години, учениците во првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците пред себе. Нешто кое што е многу значајно, нешто кое што во минатото, за жал, изостануваше. Ја користам оваа прилика и да им се извинам на родителите што пред повеќе од 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денеска еве после 15 години зборуваме за учебник за секое дете, но ви ветувам дека преку новата дисциплина, а тоа е вештачката интелигенција со која што ќе се запознаат нашите деца, ќе можеме да зборуваме за иднината и за предизвиците кои што ни ги носи иднината.“ - рече Премиерот Мицкоски кој присуствувашее на првиот училишен ден во скопска Кисела Вода. 

 

01.09.2025 - 10:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега