(ВИДЕО) Пожар на пругите помеѓу Кисела Вода и Аеродром - гори сува трева, а жителите се жалат на силна миризба

 


Нов пожар избувна денеска во Скопје, зафаќајќи го големиот празен простор со сува трева помеѓу општините Кисела Вода и Аеродром, во близина на пругите. Жителите од околните населби се жалат на силна и миризба која се шири од опожарената површина.

Оваа локација е позната како често жариште за пожари, при што речиси секоја година, во летниот период, доаѓа до палење.

Причините за денешниот пожар засега не се познати, а екипите на противпожарната бригада се на терен и работат на негово гаснење.

10.07.2025 - 13:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега