Доаѓа нов топлотен бран: За викендот температури до 39 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Температурата ќе се движи од 11 до 36 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.
Во следните денови се очекува зголемување на температурата, а според најавите на УХМР времето ќе биде сончево и топло, а температурата во делови од земјата за викендот ќе достигне до 39 степен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа