Нов инцидент во Косово: Група Албанци претепале дете кое враќало од божиќна литургија
Група Албанци синоќа околу 2 часот и 30 минути го претепале Стефан Томиќ (18) од Клокот додека тој и неговиот брат се враќале од полноќната божиќна литургија во црквата Свети Петар и Павле, пренесуваат медиумите во регионот.
По завршувањето на богослужбата во црквата, младиот човек бил на пат кон куќата на неговата тетка, кога бил нападнат од група Албанци, од кои некои ги препознал како обезбедување во локален ресторан. Стефан се здобил со повреди на окото, раката, стомакот и нозете, а лекарска помош побарал во здравствена установа во Витина.
Првиот човек на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, разговараше со семејството Томиќ, и им ја пренесе поддршката од државата Србија, која ќе биде тука да им помогне, стои во написите.
Семејството целиот случај го пријавило во полиција, која до раните утрински часови го испрашувала Стефан за нападот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа