Нов рентен апарат во Клиничка болница Битола: Вреди 7 милиони денари

 

Со цел значајно унапредување на здравствените услуги и подобрување на дијагностичките капацитети, во Клиничката болница во Битола е инсталиран нов, современ дигитален РТГ апарат – Fujifilm Smart X, набавен со поддршка на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 7.000.000 денари со вклучен ДДВ.
Станува збор за високо квалитетен апарат за дигитална радиографија, монтиран на под, кој овозможува прецизно, брзо и безбедно снимање. Fujifilm Smart X е целосно дигитален, опремен со генератор од 52 kW и два панел детектори, кои испорачуваат дијагностички слики со врвен квалитет, веднаш достапни преку работната станица поврзана со ПАКС системот на болницата.
Со набавката на два детектори, целосно се избегнува ризикот од нивно оштетување, што во минатото знаеше да доведе до нефункционалност на апаратот и прекин на услугите. Сега, не постои потреба од пренесување на панелите меѓу позиции, што обезбедува постојана достапност на рентген услугите.
Најважно од сè – пациентите од Битола и Пелагонија повеќе нема да бидат упатувани во други установи поради недостапност на рентген апарат, а високиот квалитет на снимките овозможува прецизна дијагностика и побрзо започнување соодветна терапија.
Ова е уште еден конкретен резултат на новата здравствена политика и посветеноста на Владата и премиерот Мицкоски да создадат функционално, модерно и еднакво достапно јавно здравство за сите граѓани.
Клиничка болница - Битола изразува искрена благодарност до Владата на Република Македонија, а особено до премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, за неговата посветеност и грижа за персоналот и пациентите од Битола и поширокиот регион, стои во објавата на Клиничка болница Битола на ФБ.

28.07.2025 - 20:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега