Перински: Одржливи општини се она што и недостасува на Македонија и токму тука е нашиот фокус

 

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска ги потпиша договорите за кофинансирање на седум проекти со вкупно 18 корисници – општини и организации од граѓанскиот сектор.

Како што информираат од министерството, овие проекти се реализираат во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, преку отворениот повик за инвестициски иницијативи по Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“.

-Вкупна вредност на јавниот повик изнесува 500.971.694 денари. Од овие средства за македонските корисници обезбедени се 137.887.557 денари преку кофинансирање од ЕУ и национално кофинансирање во вредност од 26.349.547 денари. Проектите се во област на препознатлив културен и природно ориентиран и одржлив туризам. Преку оваа Програма ги развиваме Источниот, Југоисточниот и Североисточниот плански регион, стои во соопштението.

21.08.2025 - 14:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега