Петрушевски: СДС одвои 0 денари, Владата за една година обезбеди 60 милиони денари за гасификација на Куманово

 

На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој дискутираше за разликите во владеењето на кадрите на СДС и ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Добро е што конечно двајца поранешни премиери од Куманово, Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски им текнало дека постои Куманово. Затоа што владите во коишто тие беа министри и премиери изминативе седум години за гасификација на општина Куманово доделија 0 денари. Седум години влади во коишто Димитар Ковачевски беше премиер, Оливер Спасовски беше премиер, беше министер за внатрешни работи, Ковачевски беше заменик министер за финансии, Фатмир Битиќи беше вицепремиер за економски работи, за седум години 0 денари за гасификација на општина Куманово, рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека Владата обезбедила 60 милиони денари за гасификација во Куманово и објасни дека кадрите од ВМРО-ДПМНЕ за само три години обезбедиле ист број приклучоци како за време на кадрите на СДС, за период од 2006-2022 година.

Најпрвин јас ќе го замолам да го повлече овој амандман затоа што не 50, 60 милиони денари обезбеди оваа Влада за гасификација на Куманово и тоа за три проекти коишто се аплицирани и одобрени од страна на министерствата. 2006 година до 2022 година кога претпријатието за гасификација Куманово гас го менаџирало СДС имало 100 приклучоци од физички лица, од 2022 до 2025 година значи за само три години, кадар на ВМРО-ДПМНЕ 100 приклучоци. Значи тоа што СДС го направила за 18 години, ВМРО го прави за три години, истакна Петрушевски.

Пратеникот исто така потенцираше дека во периодот 2006-2022, СДС направило 20 километарска гасификациска мрежа додека со кадар од ВМРО-ДПМНЕ за три години изградени се 12 километри, каде што се предвидени уште 9 километри да бидат завршени до крајот на 2025 година.

За 18 години се направени 26 приклучоци на институции додека за три години кадар на ВМРО-ДПМНЕ, 11 приклучоци и во оптег сега во моментот се прават проекти да се приклучи полициската станица она коешто Оливер Спасовски го блокираше и не сакаше да го направи, ќе се приклучи основниот суд, центарот за социјални работи, бирото за вработување, и со тоа повторно ќе се дуплира она коешто го направила СДС за 18 години за само три години од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2006 до 2022 за 18 години СДС направило 20 километарски гасификациска мрежа додека со кадар на ВМРО-ДПМНЕ од 2022 до 2025 за само три години изградило 12 километри, со оваа тековна 2025 и оние средства коишто се доделени од Владата се планира уште 9 километри, што значи дека за три години повторно ќе го направиме она коешто СДС го правело 18 години, дециден е Петрушевски.

08.07.2025 - 14:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега