Полицијата приведе млад кривопаланчанец, летал со повеќе од 100 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч

 

Приведен кривопаланчанец, управувал возило со повеќе од 100 км на час на место каде што дозволената брзина е 50 км на час.

На 14.09.2025 во 14:02 часот на магистрален пат Крива паланка – Куманово, кај село Гиновце, кривопаланечко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Д.П.(25) од Крива Паланка. При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека Д.П. управувал патничко возило „форд фокус“ со брзина од 105 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
15.09.2025 - 12:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега