Портокалово предупредување: Топлотен бран над Македонија - одиме преку 41 степен

 

Времето денеска е сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.

Во Скопје, претежно сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Во петок ќе се задржи многу топло време. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да надмине и 40°C. Вредноста на UV индексот ќе биде 9. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со утрешните.

За денеска и утре издадено е портокалово метео предупредување како опасност од високи температури

26.06.2025 - 11:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега