Познат грчки политичар почина по срцев удар на плажа

 

Поранешниот пратеник и висок функционер на Нова демократија, Апостолос Везиропулос, почина на 59-годишна возраст, откако доживеа срцев удар за време на престој на плажа во Ситонија, Халкидики. Веста ја објави грчката телевизија „Скај“.

Како што пишуваат грчките медиуми, несреќата се случила вчера попладне на плажата Калогрија, каде поранешниот заменик-министер за финансии и актуелен секретар на пратеничката група на Нова демократија се почувствувал лошо додека бил во еден од баровите на плажата. Итна помош го пренела во Здравствениот дом „Агиос Николаос“, каде лекарите и спасувачите се обидувале да го реанимираат.

Тој бил префрлен во болницата „Папагеоргиу“ во Солун, каде за жал била констатирана смрт.

Подоцна бил транспортиран во болницата „Папагеоргиу“ во Солун, каде лекарите ја констатирале неговата смрт.

Апостолос Везиропулос е роден на 29 мај 1966 година.

Сочувство за неговата смрт изразија европратеникот од ПАСОК, Никос Папандреу, и портпаролот на СИРИЗА, Костас Захаријадес.

22.08.2025 - 10:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега