Предложен притвор за тинејџерот кој фрли 100 кеси марихуана во во близина на градинка во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 19-годишник со живеалиште во Гевгелија на 31 август бил затекнат од полициски службеници на улицата “Наум Евро” во Скопје, во близина на детска градинка, со 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога – марихуана со вкупна маса од околу 80 грама, наменети за неовластена продажба.
Кога ги забележал полициските службеници, тој веднаш се дал во бегство и се обидел да се ослободи од дрогата, фрлајќи ја во двор од ненаселена куќа. Полицајците ја обезбедиле дрогата, а потоа го фатиле и осомничениот. Тој извесно време давал активен отпор и се обидувал да избега, но бил совладан.
Поради опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог да му биде определена мерка притвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа