Прегазен пешак во Скопје - возачот на автомобилот приведен

 


Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 11:00 часот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, каде патничко возило удрило во пешак.

Како што информира денеска МВР,  возило марка „пежо 207“ со скопски регистарски таблички, управувано од П.А. (48) од Скопје, удрило во 65-годишниот К.К., исто така од Скопје.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана медицинска помош.

Возачот е лишен од слобода, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава. 

04.07.2025 - 11:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега