Пукање на свадба во Скопје: Уапсени двајца мажи

 


Вчера во село Рашче, скопско, полициски службеници од полициската станица Ѓорче Петров ги лишија од слобода Е.К. и Б.К. од истото село.

Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба.


 

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

07.08.2025 - 09:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега