Разнесувал дрога со ќебапи: Доставувач уапсен во Сараево
Во полициска акција спроведена во Сараево под кодно име „Змеј“, уапсен е 41-годишниот А.Д., жител на главниот град на Босна и Херцеговина, под сомнение за трговија со наркотици, објави „РТС“.
Како што информираат медиумите од регионот, осомничениот работел како доставувач во локална ќебапчилница, но покрај храната, до своите клиенти наводно доставувал и наркотични супстанци. Тој бил приведен во моментот кога во службеното возило транспортирал поголема количина дрога.
При претресот кај него биле пронајдени кокаин, амфетамин (спид) и марихуана. Се сомничи дека подолго време вршел неовластено производство и продажба на наркотични средства.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа