Ризикот да се загине на патиштата во Бугарија е 2,5 пати поголем од просекот во ЕУ
Ризикот да се загине во сообраќајна несреќа во Бугарија е 2,5 пати поголем од просекот на Европската Унија, се вели во соопштение на Институтот за патна безбедност, пренесе Бугарското национално радио (БНР).
Директорот на Институтот, Богдан Милчев, предупредува дека е неопходно итно насочување кон отстранување на пропустите во работата на институциите, бидејќи постои чувство за системска неодговорност.
Поминаа речиси три месеци од ултиматумот на премиерот Росен Жељазков за видливи резултати во подобрувањето на патната безбедност, но тие резултати сè уште ги нема, стои во соопштението.
Податоците за јули и првите денови од август покажуваат дека бројот на жртви во сообраќајки не е намален во споредба со минатата година – напротив, во август бројките се повисоки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа