Шверцале цигари и тутун без бандерола: Полицијата приведе двајца тетовци

 

Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираат дека запленета била поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, а приведени биле две лица.

-Денеска околу 5:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, ги лишиле од слобода Б.З., на возраст од 65 години и И.Р., 67-годишно лице, двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, што го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички. Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари, појаснуваат од Министерството.

Лицата биле задржани во полициска станица.

- По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик, додаваат од Министерството. 

21.08.2025 - 15:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега