Трагедија: Во сообраќајка загина еден од најдобрите македонски боксерски репрезентативци
Македонскиот бокс е во жалост поради веста за смртта на 19-годишниот Еди Насуфи, кој загина во сообраќајна несреќа што се случила во последниве денови.
Насуфи беше редовен член на македонската боксерска репрезентација во повеќе возрасни категории и важеше за еден од најперспективните таленти во спортот. Своите први чекори во боксот ги направи во клубот „Синди“ од Струга.
Сочувство до неговото семејство изрази и фудбалскиот клуб Струга Трим Лум, кој преку социјалните мрежи се прости од младиот спортист.
Еди Насуфи потекнуваше од струшкото село Велешта, а боксерската јавност во Македонија го гледаше како иднина на спортот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа