Спасовски: СДСМ ги повлече преостанатите 142 амандмани за ребалансот на буџетот
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на попладневната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамки на расправата по ребалансот на Буџетот информира дека ги повлекуваат преостанатите околу 142 поднедени амандмани.
-Сметаме дека во едни вакви услови во коишто имаме од една страна сериозни пожари во државата, не може и не треба да тече нормална дебата, туку треба да се посветиме и на такви активности. Ние доставивме еден допис до претседателката на Комисијата со конкретните амандмани. Најавуваме дека ќе поднесеме два комисиски амандмани кои ќе се однесуваат - едниот на Кочани со одредена сума на пари, и вториот амандман со сума на пари за справување со пожарите, пред се човечките капацитети. На тој начин да ја привршиме целата оваа работа во однос на амандманската расправа за ребалансот на буџетот, рече Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа