Спречен шверц на Деве Баир: Запленети 210 вијали со ботулински токсин, супстанца што се користи во медицината

 


Царинската управа спречи повеќе обиди за криумчарење на злато, лекови, суплементи и други производи, а против три лица се поднесени кривични пријави.

На граничниот премин Богородица, мобилен царински тим заплени златен накит со вкупна тежина од 304 грама, вреден 1,3 милиони денари. Накитот бил пронајден кај патници во автобус, а проценетите давачки кон државата изнесуваат околу 481.000 денари.

Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за криумчарење на 210 вијали со ботулински токсин, супстанца која е под строг режим на увоз.

На Меѓународниот Аеродром Скопје биле запленети 2.580 капсули суплементи, како и 74 ремчиња за смарт часовници кои не биле пријавени во царинските документи.

На граничниот премин Табановце, со помош на мобилен скенер, биле откриени 144 делови за земјоделски машини во камион. Дополнително, на Богородица биле запленети и 21 штека цигари пронајдени во празнина под приколка на камион.

Мобилен царински тим на граничниот премин Дојран заплени 128 пара обувки со потпис на заштитени трговски марки, поради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.

07.08.2025 - 10:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега