Таравари одлучува дали ќе соработува со ДУИ - Мицкоски се сретна и со лидерите на „Влен“
Вчера Мицкоски се сретна со лидерите на коалицијата „Вреди“ Биљал Касами, Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими. Средбата, според информациите од Владата, поминала во конструктивна амтосфера, пријателски и партнерски дух. Се разговарало за сите реформски прашања, за борбата против криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. Од Владата информираат дека разговорите продолжуваат.
Средбата претходно ја најави и лидерот на Движењето „Беса“, Биљал Касами.
- Како коалиција ВЛЕН ќе инсистираме до крај секој што соработува со ДУИ во овие околности кога таа партија е на црните листи и треба да даде отчет за корупцијата на нејзините високи функционери, не може да биде прифатлив. Вечерва имаме средба со премиерот на која веруваме дека ќе ги разјасниме овие околности. Повторно велам дека тоа не е прифатливо, а тоа го кажа и премиерот, дека не може да се соработува со опозициска партија, во овој случај со ДУИ и истовремено да се остане во Владата. Со премиерот треба да ја разјасниме оваа ситуација, став што досега сме го имале заеднички во однос на продолжувањето на останувањето во Владата, рече Касами.
Премиерот Мицкоски претходно оствари средба и со лидерот на едното крило на Алијанса на Албанците Арбен Таравари. Средбата заврши без епилог, но од Владата за медиумите соопштија дека поминала во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат и во текот на месецов ќе се знае иднината за функционирањето на АА. Премиерот Мицкоски на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции.
Премиерот претходно изјави дека Таравари има две опции да биде во Владата - за реформи и промени или да биде со оние кои две децении ја криминализираа државата. Таравари изјави дека нема договор со ДУИ, и дека кога ќе има, нема да претендира да биде повеќе дел од Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа