Тешко повреден охриѓанец, со мопед излетал од патот Охрид-Свети Наум

 


Вчера околу 17.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, после с.Трпејца, З.И.(58) од с.Лескоец, охридско, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал од коловозот.  

Во несреќата, З.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. 

Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.  

04.06.2025 - 16:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега