Тинејџер од Сарај со возило удрил во скопјанец и тешко го повредил

 

На 23.06.2025 во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува бул.„Никола Карев“ и бул.„Крсте Мисирков“, патничко возило „фолксваген лупо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Ј.(18) од с.Сарај, скопско, удрило во И.Б.(67) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

24.06.2025 - 19:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега