Трамп: Ситуацијата во Јужна Кореја изгледа како револуција
Американсиот претседател Доналд Трамп неколку часа пред средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг во Вашингтон рече дека ситуацијата во таа држава „изгледа како чистка или револуција“. САД, според него, не можат да го дозволат тоа, ниту да работат во таа земја.
Ли ја презеде функцијата во јуни на предвремени избори откако неговиот претходник, Џун Сок Џеол беше соборен од власт поради обидот за воведување воена состојба во декември.
Трамп досега ја критикуваше Јужна Кореја, обвинувајќи ја за злоупотреба на американската воена заштита.
Јужнокорејската економија во голема мера се потпира на САД. Вашингтон ја гарантира безбедноста на Сеул со војници и нуклеарно одвраќање. Новиот претседател Ли, пак, се обидува да ја избалансира соработката со Вашингтон и Пекинг.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека неговата администрација ќе продолжи да склучува договори како што е неодамнешното аквизиција на удел во компанијата за производство на чипови „Интел“, бидејќи верува дека тие носат повеќе пари и работни места во Соединетите Американски Држави.
„Ќе работам вакви работи за нашата земја секој ден“, рече Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека „глупавите луѓе“ се незадоволни од аранжманот, кој, нагласи тој, ги прави САД „сè побогати и побогати“.
Економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хесет, денес изјави дека овој потег е дел од поширока стратегија за воспоставување американски суверен фонд за богатство, моделиран според суверените фондови за богатство што ги користат земји како Норвешка, Кина и неколку земји на Блискиот Исток.
„Убеден сум дека ќе има повеќе трансакции, ако не во оваа индустрија, тогаш во други“, рече Хесет во интервју за CNN.
Белата куќа во петокот објави дека владата во Вашингтон превззела 10 проценти од акциите во „Интел“, по цена од околу 8,9 милијарди долари. Дел од финансирањето доаѓа од Законот за чипови, додека остатокот ќе биде покриен од други федерални програми поврзани со производство на безбедни полупроводници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа