Три лица палеле кабли за да извадат бакар - завршија во полиција
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против три лица од Куманово, меѓу нив и малолетник, бидејќи предизвикале пожар во населбата „Бавчи“, палејќи кабли за да извадат бакар, соопшти денеска полицијата.
- СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Р.(29), А.А.(28) и 14-годишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 13-ти јули на место наречено „Бавчи“ во Куманово, пријавените запалиле кабли со цел вадење бакар, при што огнот се проширил и зафатил сува трева во околината, соопшти МВР.
Кумановци постојано бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено и проактивно дејствување на надлежните институции. Во текот не летото, со заклучок на општинскиот кризен штаб беа формирани дежурни тимови кои патролираа на подрачјето од Спомен костурницата до влезот на населбата „Перо Чичо“, вклучувајќи и ја населбата „Бавчи“ каде што постојано несовесни лица палат смет, предизвикуваат диви депонии, палат стрништа. Повеќе од третина од пожарите во урбаната средина се токму на овој потег.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа