Турција: Поради пожари 50.000 лица ги напуштија домовите

 

Повеќе од 50.000 луѓе се евакуирани поради шумските пожари што избија во провинциите Измир и Маниса, западна Турција и Хатај во југоисточниот дел на земјата, соопшти денеска турската Агенција за вонредни ситуации.

-Над 50.000 граѓани од 41 место привремено се дислоцирани во безбедни подрачја, објави Агенцијата за вонредни ситуации на платформата Икс.

Најпогоден е округот Сеферихисар во провинцијата Измир, каде гори од вчера. Вкупно 42.300 луѓе се евакуирани од шест локалитети во Сеферихисар, додека 2.936 и 1.500 луѓе беа преместени од окрузите Маниса и Хатај, соопшти Агенцијата, додавајќи дека 79 лица беа накратко хоспитализирани.

Во окрузите Измир, пожарот оштети 132 куќи и една деловна зграда, додека во Билеџик погодени се 64 куќи, три деловни згради и 20 амбари.

Гаснењето на огнот продолжи утрово во окрузите Измир и Маниса, а денеска изби шумски пожар  во близина на центарот на градот Хатај, што предизвика паника кај населението

30.06.2025 - 17:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега