ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче да се засрамат, поради нив менувавме име, знаме и Устав

 


Срамно и лицемерно е однесувањето на Филипче и СДС, кои говорат за некаква резолуција, уште пак и за некакво вин-вин решение; велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако можеби заборавиле, дека баш поради нив и нивната меѓународна политика изминативе 30 години, Македонија промени име, знаме и Устав.

Дали тоа вин-вин решение е ние повторно да го менуваме Уставот, а другата страна да продолжи со нови барања? Дали во ова нивно вин-вин решение, има писмени гаранции дека ова е последното барање на Бугарија? Дали оваа резолуција на СДС и Филипче е во интерес на македонските граѓани или само задоволување на бугарските барања?

СДС и Филипче треба да се засрамат. Откако нивниот најголем успех во делот на влез на Македонија во ЕУ, беше селфи во авион, треба да се тргнат настрана и да ја остават работата на оние кои и мислат добро на државата, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

09.09.2025 - 14:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега