40-годишник ги натепал вонбрачната партнерка и нејзината малолетна ќерка во Ѓорче

 

Скопјанка нападната од нејзиниот вонбрачен партнер заедно со нејзината малолетна ќерка во Ѓорче Петров.

„На  07.09.2025 во 21:15 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријави дека на 06.09.2025 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и малолетната ќерка биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер В.М.(40), се наведува во полицискиот билтен.


 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

08.09.2025 - 14:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега