„Мртви пијани“ предизвикале сообраќајки: Апсења во Крива Паланка и во Кавадарци

На 07.09.2025 во 00:55 часот во Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.В.(29) од Крива Паланка, затоа што при увид на сообраќајна несреќа на улицата „Свети Јоаким Осоговски" во која учествувал Д.В. со патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки ознаки, било констатирано дека има 1,80 промили алкохол во крвта.
На 07.09.2025 во 16:30 часот на регионалниот пат Кавадарци- село Возарци, кај место викано „Рамниште“, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.А.(65) од село Дреново, кавадаречко, кој околу 15:20 часот управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот.
По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
08.09.2025 - 14:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа