Викендица настрада во шумски пожар кај Раштак
Пожар кај селата Раштак и Страчинци, во текот на вчерашниот ден зафатил дел од викендичка, нема повредени лица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера во 15 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје е пријавено дека кај селата Раштак и Страчинци настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и друго, сопственост на Н.М., 51-годишно лице од Скопје, појаснија од МВР.
Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на скопската Бригада за противпожарна заштита.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа