Автобус полн со српски туристи се преврте во Унгарија
Сообраќајната несреќа се случила на автопатот 53 во Унгарија, околу 5 часот утринава, кога 15 лица се повредени при превртување на автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград.
Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи, јавуваат медиумите.
На 2 километри од Кишкунхалас, автобусот од непозната причина тргнал во спротивен правец, а потоа со полна брзина се превртел.
Според унгарските медиуми, повредени се 15 лица, а 12 се веќе во болница.
Брзата помош на лице место згрижила тројца.
Меѓу повредените патници има и две деца, кои исто така се пренесени во болница.
Некои патници останале заробени во автобусот, па биле извлечени од пожарникарите.
Сопственикот на агенцијата е на лице место, голем број патници се вратиле во Белград, а останатите продолжиле со новиот автобус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа