Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август

 

Претседателот на Собранието Африм Гаши при денешната посета на Тетово на новинарските прашања најави дека локалните избори ќе се распишат во првата половина од август.  Според него тој период претставува законски утврден термин.

-Очекуваме и чекаме уште малку да видиме дали може да донесеме закони и да не попречиме во работата на другите институции. Ќе гледаме да ги искористиме максимално овие денови. И во утврден датум каде што е во рамките на законските термини ќе ги распишеме изборите но тоа ќе биде во прва половина од август, истакна Африм Гаши кој имаше средба Биљал Касами, градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса.

22.07.2025 - 17:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега