Пазете каде паркирате: Пајаците собраа 130 возила

 

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 14.07.2025 до 20.07.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 128 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

21.07.2025 - 12:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега