ССМ: За да преживее на едно семејство му требаат над 65.000 денари месечно

 

Сојузот на синдикати премета дека на едно четирчлено семејство за живот во јули му се потребни 65.328 денари. Според тоа, синддикалната кошничка во јули во однос на претходниот месец е поскапа за 630 денари. Според синдикатите, делот кој се однесува на храна и пијалоци овој месец е за 515 денари повисок од претходниот и изнесува 23.682 денари. Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637,00 денари односно за 4,20%, додека кај храната и пијалоците за три месеци има зголемување за 2.202,00 денари односно за 10,25% , се вели во соопштението на синдикатот.

Од синдикатот пресметале и дека ако четиричленото семејство треба да живее во изнајмен стан, тогаш за да го врзе месецот ќе му требаат 80.703 денари.

21.07.2025 - 11:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега