Ѓорѓиевски: Ќе дадам се од себе за победа уште во првиот круг во Град Скопје
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за програмата со која ќе настапи на локалните избори и потенцираше дека програмата ќе биде создадена од граѓаните кои ги очекуваат промените во градот Скопје.
-Уште по првиот ден кога мојата политичката партија, претседателот Христијан Мицкоски како и Извршниот комитет ми ја дадоа довербата и поддршката започнав со теренски посети. Ги посетив општина Бутел, општина Гази Баба и продолжуваме секојдневно со останатите општини во градот. Верувам во силна победа и давам се од себе да што побрзо биде готова програмата. Јас не планирам програмата да ја составувам канцелариски и сметам дека најправилниот начин е програмата да биде создадена токму од граѓаните кои ќе ги очекуваат промените во градот Скопје, рече Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски во текот на своето гостување објасни зошто е важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје и додаде дека ќе даде се од себе ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг победи во градот Скопје.
-За сите нас е многу важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје, затоа што еве пример кога бевме во Гази Баба еден граѓанин рече секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гради, а кога ќе дојдат овие другите се растура. Значи верувам во силна поддршка од страна на граѓаните и ќе дадам се од себе таа поддршка се валоризира и да имаме сериозна победа во првиот круг за градот Скопје, кажа тој.
Ѓорѓиевски укажа дека сето ова се должни на се она што тој и неговиот тим сработиле во овие 4 години за општината Кисела Вода односно станува збор за реализација на куп проекти кои ги реализирале.
-Одлуката за јас да бидам кандидат за град Скопје влијаеше и сето она што јас и мојот тим го направивме во овие 4 години во Кисела Вода. Ние имаме реализација на еден сет на проекти кој никој не замислувал во минатото дека ќе дојдат на дневен ред, а камоли да се реализираат. Мене сите добро ме знаат дека не се откажувам пред предизвикот и очекуваат истото да се рефлектира и во градот Скопје односно нема да бидам човек кој ќе биде во канцеларијата и недостапен за граѓаните, туку сосема спротивно, ќе бидам постојано на терен и со граѓаните, порача Ѓорѓиевски.
На крај Ѓорѓиевски порача:
-Оние кои добро ме знаат, знаат дека сето ова го правам за да оставам нешто позади себе и по нешта по кои ќе ме паметат. Можам исто така да кажам дека ова е една од најголемите и најзначајните битки во животот и сум спремен максимално да се вложам, ќе дадам максимално ова го искористам во интерес на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа