Украинскиот министер за одбрана: Подготвени сме за примирје, но градиме силна одбрана
Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, објави дека во Киев имал состанок со американскиот претставник, генерал Кит Келог, за време на кој, како што изјави, бил остварен значаен разговор за постигнување „одржлив и праведен мир“.
Умеров им се заблагодари на САД за поддршката, истакнувајќи дека тоа спасува животи и го приближува крајот на војната. Посебен фокус на разговорите беше ставен на соработката во областа на одбранбената индустрија, вклучително и локализацијата на производството на оружје во Украина и Европа. Некои проекти веќе се во тек, додека други се подготвуваат, додаде министерот.
Заменик-министерот Серхиј Бојев изјави дека Украина е подготвена за долгорочно примирје, но дека безбедноста мора да се потпира на силна армија и одбранбена индустрија.
Умеров, исто така, нагласи дека Украина има уникатно борбено искуство, особено во употребата на беспилотни летала, и дека е подготвена да го сподели тоа знаење. Некои големи иницијативи би можеле да вклучуваат европски партнери или финансирање преку замрзнати руски средства.
Беа дискутирани и санкции. Умеров нагласи дека рускиот енергетски сектор останува клучен извор на финансирање на војната и дека тој треба систематски да се ограничи.
Украинската страна беше информирана и од Врховниот командант на вооружените сили, Олександр Сирски, началникот на Генералштабот, Андриј Хнатов, и началникот на воената разузнавачка служба, Кирило Буданов, а на американската страна ѝ беше презентирана оперативната ситуација, непријателските планови и проценките за руските подготовки за поширока војна – не само против Украина, туку и против НАТО.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави испраќање на „многу софистицирана“ воена опрема во Украина.
Како што објави американскиот портал Аксиос, веројатно е дека на Украина ќе ѝ биде испратено не само одбранбено оружје како што е системот Патриот, туку и офанзивно оружје, вклучувајќи ракети со долг дострел со кои Украинците ќе можат да напаѓаат цели во Москва
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа